Мобилната апликација на Македонска берза достапна на iPhone i iPad

35

Македонската берза ја пушти во употреба мобилната апликација на Системот за електронско известување од котирани акционерски друштва – СЕИ Нет наменета за корисници на уреди што работат на iOS платформата, осносно за сите што користат iPhone i iPad.

Корисниците на iOS платформата со инсталирањето на оваа апликација на СЕИ Нет во секое време ќе имаат пристап до објавите на информациите од 115-те котирани друштва на Берзата.

Апликацијата нуди прегледи за последните објавени информации кои што можат да се подесат било по тип на објава (финансиски извештаи, собрание на акционери, други ценовно чуствителни информации итн.), или по издавач. Со користење на default опцијата за нотификација корисниците на апликацијата ќе бидат известени за секоја нова објава што ќе ја направат котираните друштва.

Сите заинтересирани може да ја преземат мобилната апликација на СЕИ Нет преку Apple Store. За преземање на оваа апликација потребно е мобилните уреди да имаат верзија iOS 7.0 или понова.

Во мај оваа година Берзата ја пушти во употреба мобилната апликација на СЕИ Нет за корисниците на Android платформата, а истата во текот на месец октомври беше ажурирана со понова верзија. За корисниците на Android, апликацијата е достапна преку Google Play.