Моден гигант, во март ќе претстави веганска кожа од вински отпад

48

Компанијата H&M на 26 март ќе претстави веганска алтернатива за кожа којашто е направена од биолошки производи, вински отпад.

Купувачите ќе може да изберат неколку нови модели на чанти и чевли од Conscious Exclusive, коишто се направени од мека веганска кожа. Зад дизајнот стои технолошката италијанска компанија Vegea. Ќе бидат претставени и нови бои, направени од зрно кафе и полиестер од рециклиран материјал.

Холистички пристап

“Ако планираме сигурно да чекориме кон иднината, мора да се насочиме кон употреба на биолошки материјали“, велат од компанијата.

Од таму велат дека не се во прашање само материјалите, туку и фактот дека може да дизаjнираат облека којашто ќе трае подолго и ќе може да се рециклира.

“Мора да научиме како да ги убедиме купувачите да прифатат навики кои се добри за околината и да купуваат таква гардероба, да ги научиме да купуваат она што е паметно и еколошки“, истакна Pаскал Брун, менаџер во H&M.

Conscious Exclusive

Минатата година познатата Conscious Exclusive колекција претстави веганска кожа од ананас и свила од портокал.

“За овогодишната Conscious Exclusive ја истражувавме убавината на природата. Едвај чекаме да претставиме нови биолошки материјали од коишто изработивме висококвалитетна облека“, истакна Софи Јохансон, креативен советник на овој бренд.

Фото: Pexels