МоеCV.mk е нова и бесплатна алатка за креирање на дигитално CV. Со брза регистрација корисникот може за пет минути да стигне до дизајнирано, онлајн CV што вработува и е одобрено од HR менаџерите.Оваа апликација произлезе од викенд – хакатонот како дел од Brainster Академијата за Web Development, поточно од Бране, Саше и Алмедин, стои во соопштението.
From learners to creators
Учесниците на академиите на Brainster учат преку работа на реални проекти. Целата програма е конципирана за учесниците да научат преку создавање продукти што ќе донесат дополнителна вредност на заедницата. Најновата идеја е оваа бесплатна алатка којашто е достапна и на македонски јазик.
Без разлика колкаво работно искуство имаш, начинот на којшто ги презентираш твоите вештини, може да го привлече или одбие твојот следен работодавец. Целта е Moecv.mk да биде првиот и сигурен чекор до твоето следно вработување. Главната идеја беше да се создаде бесплатен онлајн CV креатор што ќе го забрза процесот на апликација и нема да дозволи никој, никогаш повеќе да задоцни со аплицирање на огласот за работа од соништата. Претставува иновативен начин за тоа како да се издвоиш од морето апликации за работа и да стигнеш до кариерата што ја посакуваш. Алатката е создадена пред сè за учесниците кои завршуваат на Brainster Академиите за маркетинг и програмирање, но и за сите останати баратели на работа кои сакаат да употребат проверен формат на CV.
Само 2% од апликантите стигнуваат до интервју
Најголемата препрека кај поголемиот дел барателите на работа не е стекнувањето на вештините. Способни се да станат одлични програмери, маркетери или дизајнери за рекордно време, ама портфолиото го прават еден месец. Со оваа алатка немаш простор за размислување дали треба да биде насловот полево или подесно, вештините или образованието најгоре, буквите болдирани или не. Вака секој може брзо и бесплатно да направи CV со коешто ќе ги истакне своите главни компетенции.
Работа во дигиталните индустрии не се добива со испраќање Europass CV како Word документ. Помина времето на вработување врз база на диплома. Современиот процес на регрутација се базира на вештините што ги има поединецот. Приватниот сектор од тебе сака да види што знаеш и што можеш пред да ти даде шанса да работиш. Затоа, преку ова визуелно CV ќе ги истакнеш вештините кои работодавците сакаат први да ги видат, но и проектите на кои имаш работено. Со MoeCV.mk, можеш да го зачуваш твоето ново CV како PDF документ или пак да го направиш достапно онлајн во форма на Landing страна.
Brainster е иновативна компанија за едукација и кариерна трансформација којашто преку курсеви и Академии им овозможува на индивидуалците да дојдат до успешна кариера. Секој може да ги научи најновите вештини за програмирање, маркетинг, дизајн и бизнис, преку работење на реални проекти како МоеCV.mk. Најдобрите учесници кои завршуваат на академиите се поврзуваат со компании коишто имаат потреба од најдобрите таленти.