Monday.com: Израелски еднорог што достигна вредност од 1,9 милијарди долари

71

Израел го има највредниот старт – ап, а тоа е софтвер за управување со проекти под името Monday.com.

Овој веќе еднорог објави дека доби инвестиција од 150 милиони долари, со што трикратно се зголеми вредноста на компанијата – од 550 милиони на 1,9 милијарди долари. Оваа трансакција, како што пишува Forbes, го прави Monday.com највреден старт – ап што се занимава со развој на софтвер во Израел.

Зад Monday.com стојат Ман и Еран Зинман, кои работат на софтер што им помага на менаџерите да ја следат работата на тимовите, да споделуваат задачи на индивидуалци или групи, категорија позната како project management. Над 80.000 претплатени бизниси, меѓу кои: Philips и WeWork, ги користат услугите на овој старт – ап.

Фото: Pixabay