Можете ли да си дозволите да го затоплите домот?

52

Во текот на минатата година, 7% од жителите на Европската унија, во рамки на анкета, рекле дека не можат да си дозволат доволно затоплување на домот. Според податоците на европската статистика, најголем процент на луѓе кои не можат да си дозволат доволно да го затоплат просторот во којшто престојуваат е 11 и е забележан во 2012 година, од кога бележи тенденција на намалување.

Ако се анализира посебно секоја земја членка, ситуацијата е различна. Најголем процент на луѓе кои изјавиле дека не можат соодветно да го затоплат домот се во овие земји членки: Бугарија (34%), Литванија (28%), Грција (23%), Кипар (22%), Португалија (19%) и Италија (14%).

Од друга страна, пак, во овие земји, само околу 2% од испитаниците не можат соодветно да го затоплат својот дом: Австрија, Финска, Луксембург, Холандија, Естонија и Шведска.

Според податоците, во Македонија дури 24,9% од луѓето не можат доволно да го загреат домот кога температурите надвор се ниски. Во Србија е околу 10%, во Хрватска 7,7%, а во Словенија 3,3%.