Мудри мисли кои најдобро го дефинираат успехот

369

Неколку изреки со голема доза на мудрост од познати и непознати автори.

Целиот напор се исплати само доколку не се откажеме од она што сме го наумиле – Наполеон Хил.

Ако сте тргнале кон целта и при тоа застанувате да фрлате со камења по секој пес што лае на вас, никогаш нема да стигнете до неа – Фјодор М. Достоевски.

Не губете време на работата што не ја сакате, страста ќе ви помогне да бидете ефективни – Доналд Трамп.

Никогаш не престанувајте да поставувате прашања – Алберт Ајнштајн.

Успех е колку високо ќе успеете да се искачите откако ќе паднете на дното – Џорџ С. Патон.

За да успеете, желбата за успех мора да биде поголема од стравот да не успеете – Бил Козби.

Успехот не се мери според позицијата на која се наоѓате, туку според тоа колку препреки сте успеале да надминете – Букер Т. Вашингтон.

За да успеете во работата бидете смели, поинакви и први– Маршант.

Успехот е како скала, не можете да се искачете со рацете во џебовите – непознат автор.

Во секоја своја активност користете ги срцето, интелектот и душата. Тоа е тајната на успехот – Сивананда.

Успехот не доаѓа кога ќе посакате. Тој доаѓа кога ќе постојат дефинитивни планови, силна желба и постојана упорност и активност– непознат автор.

Ништо не доаѓа само по себе. Сè мора да постигнете сами– Чарлс Бекстон.

После бурата морето ги исфрла бисерите – непознат автор.

Тие што се качуваат по скалата на успехот, никогаш не се жалат дека останале без здив– Елиар.

Оние кои сакаат нешто да научат никогаш не се без работа – Мирабо.

Тајната на успехот е истрајноста до крајот – непознат автор.

Фото: Pixabay