Mundus – спој на класична друштвена игра со силата на паметните телефони

35

Фото: Mundus – game.com

Mundus е друштвена игра прилагодена на сите возрасти, а зад нејзиниот дизајн стои 18-годишниот Филип Херциг од Хрватска, пишува Bug.hr.

“Како ученик, знаењата што се неопходни првенствено за развој, а потоа и за бизнис делот од приказната, не можев да ги добијам на училиште. Такви работи се учат преку искуство и преку интернет. Интернетот ми помогна да се поврзам со Лука со кој почнавме да работиме на нови верзии на Mundus. Програмирањето на апликативните делови од проектот не беше возможно без учење на интернет. Google е нашиот најдобар пријател“, вели Херциг.

Инаку, Mundus е спој на класична друштвена игра и силата на паметните телефони, а има цел да врати дел од дигиталната забава во физичкиот свет. Играта се заснова на плоча, како и останатите друштвени игри (Не лути се човече, табла, дама…), додека прашањата и упатствата се појавуваат на мобилниот телефон.

Преку апликацијата се достапни различни игри и таканаречени game mode, за да може играта да се прилагоди на местото и времето, па Mundus може да се игра во училиште, дома, на забава… Исто така, играта се прилагодува и на возраста и преференциите на играчите, додека преку нови пакети прашања секогап може да се “освежи“ со нови содржини.