МЗТ Пумпи прокнижи добивка од 606.000 денари

91

mzt pumpi

Компанијата МЗТ Пумпи 2014 година ја заврши со добивка од 606.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Добивка од 1.414.000 денари оствари компанијата во 2013 година.

Вкупните приходи од продажба во 2014 година беа на ниво од 109.079.000 денари, додека една година претходно истите беа на ниво од 112.954.000 денари.