На 91-годишна возраст, конечно се приклучи на клубот на “посебни милијардери“

88

Американскиот милијардер Ворен Бафет се приклучи на групата луѓе чиј имот се проценува на повеќе од 100 милијарди долари, објави списанието Forbes.

Акциите на Berkshire Hathaway на Бафет вчера достигнаа рекордно ниво, со што неговото богатство достигна 100,3 милијарди долари. Бафет на врвот на листата на најбогати им се придружи на Џеф Безос, Илон Маск, Бернард Арно и Бил Гејтс.

Иако со децении беше на врвот на светската листа на богатства, неговото лично богатство досега не надмина 100 милијарди долари. Една од причините се неговите значајни добротворни донации – од 2006 година тој дал над 37 милијарди долари за тие цели.

Фото: Freepik