На Бејрут му требаат 2,5 милијарди долари за обнова по експлозијата

59

Донаторите за обнова на Бејрут го објавија планот за обнова и помош на населението по експлозија во пристаништето на почетокот на август, каде што загинаа повеќе од 200 лица, оценувајќи дека се потребни 2,5 милијарди долари, што ќе бидат исплатени за 18 месеци.

Зад овој план стојат Европската унија, Обединетите нации и Светска банка.

За населението првично се одвојуваат 584 милиони долари, од коишто 426 милиони се очекуваат во првата година, а трошоците за реформи и обнова се “проценети на две милијарди долари“.

На почетокот на август, либанската престолнина ја потресе експлозија со разорна моќ, оставајќи зад себе 200 жртви. Како причина за експлозијата беа наведени 2.750 тони амониум нитрат, што бил несоодветно чуван во руски брод од 2013 година.

Фото: Freepik