На Германија ѝ се потребни над 400.000 полначи за електрични возила

36

Германија до 2030 година мора да постави најмалку 440.000 полначи за електрични возила. Низ патиштата во земјата за 10 години се очекува да сообраќаат до 14,8 милиони електрични или хибридни возила, покажува студија што е направена за тамошното Министерство за сообраќај.

Можно е да бидат потребни 843.000 дополнителни јавни полначи, во зависност од тоа колку ќе бидат направени за приватни потреби и колку често ќе ги користи постоечките.

Во моментот во Германија има само 33.000 јавно достапни полначи за електрични автомобили. Студијата покажува дека во иднина две третини од приватните паркинг места ќе бидат опремени со полначи, но тие ќе обезбедат само 41% од потребната електрична енергија.

Во градовите е потребен еден јавен полнач на 14 возила, а во руралните средини еден на 23 возила.

Фото: Freepik