Нa игра за четири години потрошиле четири милијарди долари

43

Поминаа четири години откако во светот за прв пат беше претставена играта Pokemon Go, податоците говорат дека играчите потрошиле скоро четири милијарди долари.

Играта е бесплатна и се базира на оригинална видео игра и цртан филм, а за кратко време стана омилена на милиони луѓе ширум светот.

Компанијата Niantic ја претстави играта во 2016 година, а од играчите бара да го бараат Pokemon во реалниот свет со помош на паметен телефон и технологија за виртуелна реалност. Од тогаш, во потрагата по Pokemon, играчите поминаа 23 милијарди километри. Освен толку пат, играчите до оваа година на играта потрошиле 3,6 милијарди долари

Играта минатата година на компанијата ѝ донесе заработка од 906 милиони долари. Инаку, Niantic почнува како проект во инкубаторот на Google, но во 2015 година се одвои во посебна компанија.

Фото: Freepik