На овој човек пандемијата му “помогна“ да биде еден од најплатените директори

30

На листата на Bloomberg за најплатени директори нема многу новини. Илон Маск , Тим Кук, шефовите на Intel, Alfabet, Blackstone… Сепак на списокот имаше едно изненадување. На петтото место се најде Сумит Синг, шеф на компанијата Chewi Inc, онлајн прдавница за храна, играчки и лекови за домашни миленичиња.

Синг стана дел од оваа компанија во 2017 година, а на чело застана седум месеци подцна, за во 2019 година заработи 108,2 милиони долари на име плати, бонуси и обврзници.

Инаку, оваа сумa е неверојатна ако се земе предвид тоа што компанијата за девет години колку што постоела немала профитабилен квартал.

Минатата година имле 13,5 милиони купувачи, додека приходот скокнал за 37% на 4,9 милијарди евра. Потоа дојде коронавирусот и бизнисот на Chewy стана уште подобар.

Фото:Freepik