На патувања лани потрошиле две милијарди евра

25

Повеќе од половина од жителите на Хрватска, постари од 15 години, лани биле на најмалку едно патување во земјата или во странство, додека 9,2% од нив биле на деловни патувања. На сите овие патувања се потрошени нешто повеќе од две милијарди евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Од тој вкупен износ, 1,2 милијарди евра хрватските граѓани ги издвоиле за приватни повеќедневни патувања во земјата и во странство, околу 396 милиони евра на деловни повеќедневни патувања, а околу 435 милиони евра на еднодневни приватни и деловни патувања.

Податоците покажуваат дека минатата година на повеќедневни патувања биле 1,87 милиони жители или 54% од населението во Хрватска на возраст над 15 години. Како најчеста причина за патување била наведена посета на роднини и пријатели, како и одмор на море.

Фото: Freepik