На Велика Британија ѝ недостасуваат 50 милијарди фунти во кеш

66

Група британски законодавци изјавија дека недостасуваат дури 50 милијарди фунти во готовина и ја повикаа централната банка на Велика Британија да го испита проблемот.

Претседателката на Одборот за јавни трошоци на Долниот дом, Мег Хилер, рече дека парите се скриени, но дека банката не знае каде, за кого и зошто и дека не изгледа премногу заинтересирано за тоа што се случува.

Од Bank of England рекоа дека “луѓето не мора да ѝ објаснуваат на банката зошто сакаат да чуваат банкноти“.

“Нема недостаток на банкноти, а централната банка ќе продолжи да ги задоволува јавните побарувања за банкноти“, соопшти банката.

Бројот на користени банкноти во Велика Британија достигна 4,4 милијарди во јули, што претставува вкупна вредност од 76,5 милијарди фунти. За споредба, во 2000 година имало во оптек 1,5 милијарди банкноти во вредност од 24 милијарди фунти.

Bank of England проценува дека околу 20 до 24 % од вредноста на банкнотите се користат за готовински трансакции, оставајќи само 5% заштеда.

Се претпоставува дека исчезнатите 50 милијарди фунти се чуваат надвор од државата за трансакции и заштеди или во рамките на државата, но во домаќинствата. Покрај тоа, постои претпоставка дека тие се користат во сивата економија.

Фото: Pixabay