На Wall Street нови рекорди

41

На Wall Street  во понеделникот индексите достигнаа нови рекорди бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзано закрепнување на економијата, благодaрение на новите стимулативни мерки и вакцинирање против Ковид-19.

Dow Jones зајакна 237 поени или 0,76% на 31,385 поени, додека S&P 500 порасна 0,74%, на 3.915 поени и индексот Nasdaq 0,95%, на 13.987 поени.

Во 10 од 11 најважни сектори на индексот S&P 500, цените на акциите пораснаа вчера, а најмногу во енергетскиот сектор, повеќе од 4%, откако цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во една година.

Новите стимулации треба да помогнат во забрзување на економското закрепнување. Инвеститорите се надеваат дека веќе овој месец, Конгресот ќе го прифати предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за дополнителен пакет фискални стимулации вреден 1.900 милијарди долари.

Фото: Pixabay