Над 10 милијарди долари ќе се потрошат на Amazon Prime Day оваа година

57

На еден од најочекуваните шопинг настани во светот, Prime Day во организација на Amazon, оваа година беше одложен поради пандемијата иако традиционално се одржува на средината на јули.

Предвидувањата за настанот, што почнува денеска, е дека Amazon ќе генерира приходи од 9,91 милијарда долари, од кои 6,17 милијарди долари ќе бидат потрошени во САД, пишува Emarketer.

И покрај економската неизвесност, поради пандемијата, потрошувачите силно се потпираат на онлајн трговија.

Prime Day за првпат беше организиран во 2015-та година и траеше 24 часа, а веќе од 2016-та година шопинг треската трае 48 часа. Приходите бележат голем раст, од 1,49 милијарди долари во 2016-та на 6,93 милијарди долари во 2019-та година.