Над 100 милиони работници мора да си ја сменат професијата до 2030 година

107

Глобалниот пазар на труд забрзано се менува. Додека од една страна милиони луѓе остануваат без работа, од друга поголемиот дел од работите забрзано се менуваат. Најновите истражувања покажуваат дека дека многу професии ќе изгледаат сосема поинаку, а многу вработени ќе мора во целост да го променат своето занимање. Се оценува дека повеќе од 100 милиони работници или еден од 16 ќе мора да си најдат нова работа до 2030 година и тоа во земји како што се Кина, Франција, Германија, Индија, Јапонија, Шпанија, Велика Британија и САД.

Компанијата McKinsey во својата анализа наведува дека најочигледно влијание на пандемијата врз пазарот на труд е драматичниот пораст на бројот на работници кои работат од далечина. Земајќи ги предвид професиите кои може да се работат од далечина, а на кои не им паѓа продуктивноста, откриено дека околу 25% од работната сила во напредните економии би можеле да работат од дома меѓу три и пет пати неделно. Тоа претставува четири до пет пати повеќе работа од далечина од пред пандемијата и би можело да поттикне голема промена во структурата на трудот, бидејќи поединци и компании од големите градови се селат во предградија и мали места.

Некои компании веќе планираат премин на флексибилен работен простор. Како резултат на тоа може да се намали побарувачката за ресторани и малопродажба во градските средини и за јавниот превоз.

Иако се верува дека туризмот ќе закрепне по поминување на кризата, експертите проценуваат дека околу 20% од деловните патувања, можеби нема да вратат како од времето пред пандемијата. Се верува дека тоа ќе има значајни ефект врз вработувањата во комерцијалното воздухопловство, аеродромите, угостителство и прехранбените услуги.

Уште една година промена доживеа електронската трговија. Во 2020 година, уделот на електронската трговија порасна за два до пет пати повисока стапка од пред пандемијата.

Двата начина на коишто компаниите ги контролираат трошоците и ја амортизираат несигурноста во текот на кризата се автоматизирање и редизајнирање на работните процесот. Податоците за произвoдство на роботика во Кина го надмина нивото од пред пандемијата уште во јуни минатата година.

Фото: Pexels