Над 39 милиони долари инкасирани од извоз на струја

122

Македонија е 57-ма во светски рамки по извоз на електрична енергија, од којшто во 2019-та година заработи 39.015.000 долари или над 26% повеќе во однос на 2018-та година.

Во светот минатата година, извозот на струја достигна ниво од 33 милијарди долари или 5,8% помалку во однос на 2018-ма година. Лидер по извоз на електрична енергија е Германија со удел од 11,4% и 3,8 милијарди долари.

Според World’s top exports, меѓу петте најголеми извозници на струја лани беа и: Франција (три милијарди долари), Канада (1,9 милијарди долари), Швајцарија (1,8 милијарди долари) и Кина (1,5 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најдобро е позиционирана Словенија (14-та) со 832 милиони долари. По нејзе следат: Бугарија (392 милиони долари), Босна и Херцеговина (329 милиони долари), Хрватска (294,5 милиони долари), Грција (119,4 милиони долари), Србија (81 милион долари) и Албанија (70 милиони долари).

Фото: Freepik