Над 91% од деловните субјекти имале широкопојасен пристап на интернет

21

lap-top-i-tel-pixabay

Фото: Pixabay

Од јануари 2017 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91,2% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G), имале 63% од деловните субјекти. Ваков тип мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, лаптоп, смартфон, телефон PDA итн.), за деловна намена, користеле 14,5% од вработените во деловните субјекти.

Вкупно 54,2% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (на пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, алатки Wiki итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење одреден социјален медиум.

Околу 49% од деловните субјекти имале веб страница или почетна страница, од нив, 80% на веб страницата имале обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референции до нивните профили на социјалните медиуми, а 21% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.

Во текот на 2016 година, 10,3% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале 6%, а е-купувања имале 5,8% од деловните субјекти.