Над девет милиони Италијанци веќе си го резервираа летниот одмор

24

Повеќе од девет милиони Италијанци знаат каде ќе одат на летување и веќе го резервирале својот летен одмор, а околу 16 милиони жители на Италија уште не знаат каде ќе го поминат ова лето или не се сигурни дали воопшто ќе заминат некаде, пишува агенцијата Анса, повикувајќи се на истражување на Confturismo, организација што ги застапува интересите на туристичките работници во Италија.

Охрабрувачите резултати се поврзуваат со желбата на Италијанците за одмор, промена и патување, попуштање на анти – ковид мерките, успешната вакцинација и укинување на задолжителниот карантин за сите кои доаѓаат од земјите членки на Европската унија.

Најголем број од испитаниците одморот ќе го поминат или во родната земја или во Шпанија, Грција и Франција.

Фото: Pexels