Над два милиони туристи ја разгледувале Кападокија од воздух со балони

123

Во последните пет години, над два милиони туристи го разгледувале турскиот регион Кападокија од воздух со помош на балони на топол воздух, што претставуваат своевиден симбол за овој дел од Турција, пренесува Хуријет.

Кападокија, којашто е сместена во централниот дел на провинцијата Анадолија, е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.

Балоните на топол воздух се посебна атракција за туристите, бидејќи имаат прилика на уникатен начин да ја разгледаат целата област.

Податоците говорат дека во последните пет години, Кападокија привлекла над 13 милиони туристи, а турите со балони се организираат над 300 денови во годината.

Се верува дека една од причините поради која се зголемува бројот на посетители на Кападокија се токму овие балони на топол воздух.