“Нафташите“ си го зголемија богатството во првиот квартал

30

Благодарение на пораст на цените на нафтата, богатството на нафтените милијардери во првиот квартал оваа година им беше зголемено за 10% во однос на истиот период минатата година.

Енергетските магнати на почетокот на оваа година успеале да остварат приходи од 51 милијарди долари повеќе одошто во истиот период лани.

Според индексот на милијардери на Bloomberg, најголем добитник во овој сектор е индискиот милијардер Гутам Адани, којшто инвестира во пристаништа, хартии од вредност и енергетика. Во првиот квартал од оваа година неговото богатство изнесуваше 57,1 милијарда долари што е двојно повеќе во однос на истиот квартал лани.

Заздравување на пазарот на енергенти им ги зголеми приходите и на други “нафташи“ меѓу кои е Американецот Харолд Хам. На крајот на минатата недела неговата нето вредност беше за 3,3 милијарди долари поголема одошто истиот период лани и изнесуваше 8,4 милијарди долари.

Фото: Pixabay