Наградниот фонд од играта Среќно семејство на ЕВН дониран во хуманитарни цели

27

Паричните награди од првото издание на наградната игра Среќно семејство на ЕВН Македонија беа донирани за организации во земјава и за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.

Семејствата на познати личности низ различни игри се натпреваруваа за награден фонд од 300, 500 и 1.000 евра. Победници во првото издание на играта беа семејството на Новица Василевски и Татјана Лазаровска кои се натпреваруваа за интернатот Гоце Делчев од селото Љубанци, второто место го освои семејството Црнокрак кое се натпреваруваше за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД аспергеров синдром Во мојот свет – Скопје, а за Заводот за рехабилитација на деца и младинци – Скопје се натпреваруваше семејството на Авни Ќахили.

ЕВН Македонија двојно го зголеми наградниот фонд од играта со што дополнителните средства ќе бидат донирани за помош на настраданите во поплавите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. ЕВН дополнително ќе испрати помош за настраданите во поплавите со вклучување во акциите на Стопанската комора на Република Македонија.