Најавен првиот агроенергетски проект на Балканот вреден 340 милиони евра

73

Fintel Energija и нејзината партнерска компанија MK Group, најавија голема инвестиција во Србија и регионот.

Како што е наведено во заедничкото соопштение, тоа ќе биде прв агроенергетски проект во Србија, но и на Балканот. Вредноста на инвестицијата е 340 милиони евра, а ќе се реализира на територијата на општина Кула. Почетокот на проектот Agrosolar Kula е планиран за 2022 година, а реализацијата ќе трае нешто подолго од една година.

Агроенергетиката во овој проект подразбира технолошки решенија кои овозможуваат истовремено производство на земјоделски посеви и енергија од сончева енергија на иста површина. Иновативната примена на соларни панели во комбинација со вегетација, прави таква микроклима која ја подига продуктивноста на земјоделското производство, а од друга страна ефикасноста на производството на електрична енергија.

Добра страна е и намалената емисија на јаглерод диоксид и намалената потрошувачка на вода за наводнување. Притоа, MK Group се одлучила за органско земјоделство на земјиште каде проектот ќе биде имплементиран, така што нема да се користат пестициди, хербициди, ниту вештачки ѓубрива.

“Паметното земјоделство и зелената енергија одамна се во фокусот, а проектот Agrosolar се заснова на нивната синергија. Овој систем ја постигнува оптимизацијата на користењето на земјиштето и неговото максимално искористување, со позитивно влијание врз животната средина. Затоа оваа пионерска инвестиција на Fintel Energijа и MK Group е од голема важност за одржлив развој на земјоделството и производство на енергија од обновливи извори. Очекуваме да генерира силна додадена вредност за двата сектора“, рече Тицијано Џиованети, извршен директор на Fintel Energijа.

Во почетната фаза, проектот ќе опфати 700 хектари земјиште во Кула, поделено на седум зони за различни органски посеви. На приближно една третина од вкупната површина ќе бидат поставени соларни панели во правилни редови и со меѓусебно растојание кое ќе овозможува непречено извршување на земјоделските активности. Годишното планирано производство на зелена енергија е околу 832GWh, што ги задоволува потребите на околу 200.000 домаќинства.

Фото: MK Group