Најбезбедни дестинации за летување во Европа според Forbes

137

Магазинот Forbes направи листа од 20 најбезбедни летни дестинации на Стариот континент, од кои седум се од нашиот регион, а ниту една од Македонија. Меѓу нив се најдоа: Бохињ во Словенија, Риека, Загреб и Цавтат во Хрватска, Котор во Црна Гора и Превеза и Крф во Грција.

Прв на листата се најде главниот град на Грузија, Тбилиси, којашто според Forbes, беше една од најмалку погодените земји од коронавирусот. За 260 пати помалку случаи на заразени со Ковид-19 има во Грузија во споредба со другите европски земји. Грузија, како што се наведува, ги отвора границите на први јули и ќе презема мерки за безбедност со цел да ги заштити туристите и жителите за да имаат пријатен одмор во земјата.

“Овој рајски грчки остров е одлична дестинација за полнење на батериите по стресниот период“, наведува European Best Destinations Organization (EBD) за грчкиот остров Крф.

На трето место на листата на Forbes се најде хрватскиот град Цавтат. Хрватска, според магазинот, е меѓу европските земји со најмалку заразени од коронавирусот или 20 пати помалку заразени на милион жители за разлика од други земји на континентот.

Потоа следуваат:

Островите Азорс (Португалија)

Превеза (Грција)

Алентејо (Португалија)

Батуми (Грузија)

Загреб (Хрватска)

Алгарве (Португалија)

Сибиу (Романија)

Котор (Црна Гора)

Риека (Хрватска)

Варшава (Полска)

Виена (Австрија)

Бохињ (Словенија)

Малта

Гдањск (Полска)

Вилнус (Литванија)

Рига (Латвија)

Вајлд Тајга (Финска)

Фото: Freepik