Најбогатиот човек на светот изгуби 10 милијарди долари за еден ден

70

Основачот на Amazon и најбогатиот човек на светот, Џеф Безос во петокот изгуби 9,5 милијарди долари, според Forbes.

Акциите на компанијата паднаа за 5%, иако еден ден претходно тие објавија подобри од очекуваните финансиски резултати за последниот квартал.

Голема загуба претрпе и поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која доби 4% од акциите на Amazon по разводот – 3,3 милијарди долари.

Според последните податоци, двајцата имаат 179,4 милијарди и 57,8 милијарди долари.

При објавување на резултатите за третиот квартал, Amazon ја предвиде очекуваната продажба за тековниот четврти квартал од 2020-та година.

Тие предвидуваат продажба од 112 до 121 милијарда долари, што би претставувало годишно зголемување од 28 до 38%, како и првиот квартал за Amazon, во кој компанијата ќе ја премине границата од 100 милијарди долари.

Тековниот максимум е за продажба од 96,1 милијарди долари.

Фото: Pexels