Најбогатиот Европеец заработи 19 милијарди за еден ден – блескав раст на LVMH

Вредноста на богатството на францускиот милијардер Бернар Арно денес е за 19 милијарди долари повисока, а причината за ова е зголемувањето од 14 проценти на вредноста на акциите на неговата компанија LVMH.

Имено, вредноста на акциите на овој конгломерат на луксузни брендови, кој е котиран на Париската берза, се искачи на 708,14 долари по акција. LVMH е на добар пат да го постигне својот најдобар резултат во однос на вредноста на акциите во последните 20 години.

Со зголемувањето на вредноста на акциите, пазарната капитализација (вкупната вредност на сите акции) на компанијата се зголеми на 353 милијарди долари, што ја прави LVMH втора највредна европска компанија според пазарната капитализација.

Продажбата на производите на LVMH во третиот квартал од оваа година се зголеми за еден процент, односно на 21,25 милијарди долари, во споредба со истиот период минатата година. Ова ги надмина очекувањата на аналитичарите за заработката на компанијата.

Бернар Арно е најбогатиот Европеец и еден од најбогатите луѓе во светот.