Најбогатиот Малезиец има скоро 100 години

85

Магазинот Forbes ја објави листата на најбогатите Малезијци, чие вкупно богатство се проценува на 79 милијарди долари, што е 7% помалку во однос на претходната година.

Предводник на листата е 96-годишниот Роберт Куок, чие богатство се проценува на 11,5 милијарди долари. Тој е на чело на Kuok Group, којашто се занимава со хотелиерство, недвижнини и суровини. Во 1971 година ја основа хотелската групација Shangri – La Hotels во Сингапур. Неговиот внук, Куок Кон Хонг, ја води групацијата Wilmar International, во којашто Куок има значаен удел.

Куок своето богатство го стекнал благодарение на трговија со палмино масло, транспорт, недвижнини…

Меѓу петте најбогати Малезијци се и: Куек Ленг Чан (9,7 милијарди долари), Ананда Кришнан (5,9 милијарди долари), Чен Лип Конг (5,3 милијарди долари) и Тех Хонг Пио (4,85 милијарди долари).

Фото: Facebook