Тројца меѓу најбогатите Словенци се заинтересирани за купување на имотот на Adria Airways, пишува Пословни дневник.
Стечајниот управник на веќе пропадната авиокомпанија, Јанез Пустатичник, доби понуда од пет лица меѓу кои: Јоц Печечник, сопственик на компанијата Електрончек, којашто произведува автомати за игри на среќа, Иво Боскарол, сопственик на Пипистрел, производител на лесни авиони, и “кралот на бананите“, Изет Растодер.
“Вистина е дека сме во игра со странски партнери кои ја познаваат оваа работа“, изјави Печечник.
Словенечката авиокомпанија минатиот месец поднесе барање за стечај поради финансиски проблеми.
Фото: Pixabay