Најчести маркетинг грешки на социјалните медиуми

93

Кога веќе максимално ги користиме социјалните медиуми за секакви потреби, добро е истите да придонесат во промоција на тоа што го работите. За да биде онака како што треба, одредени грешки не треба да се случуваат, како на пример:

Немање на маркетинг стратегија

Прва грешка е да немате воопшто маркетинг стратегија за социјалните медуми. Тие денес се одлична алатка за промоција на бизнисите, за генерирање на што поголем број на купувачи. Но, доколку не успеете да имплементирате соодветен начин на онлајн рекламирање, може само многу да изгубите.

Не следење на резултатите

Сè што се објавува на социјалните медиуми е мета на разни категории на луѓе. Она што е важно е да следите коментари, да бидете во тек со читаноста, со посетата, и според тоа да ги менувате и подобрувате содржините (доколку е потребно).

Бришење и одбегнување на негативните коментари

Она што треба да го направите ако имате негативните коментари на вашите фан страни е да се обидете да најдете решение на проблемот. Не ги одбегнувајте, туку соочете се со “коментаторот“. Би било одлично ако од еден незадоволен клиент успеете да направите лојален купувач.

Не одговарање на прашањата

Уште полошо е кога немате време да одговорите на конкретните прашања од заинтересираните. Тоа може само да се пренесе од еден на друг и вие да добиете лоша репутација дека не се грижите доволно.

Премногу форсирање на брендот

Не бидете строго фокусирани само на промоција на брендот. Одвреме навреме постирајте и нешто похумано, нешто што ќе допре до корисниците на социјалните мрежи и ќе покаже дека не сте само заинтересирани за бизнис.

Грешки во објавите

Бидете професионалци во тоа што го правите и детално проверувајте ги објавите, видета, фогографиите, текстовите… Не допуштајте почетнички грешки, тие можат само да му наштетат на брендот.

Фото: Pexels