Најчестите лаги што ги кажуваат претприемачите кога зборуваат за компанијата

24

lazenje

Фото: Pixabay

Да се каже лага никогаш не е добро, затоа што вистината секогаш испливува на површина. Но, во одредени ситуации, “бела“ лага е неизбежна за постигнување на успех во бизнисот. Понекогаш и не е толку лошо да се каже “бела“ лага, посебно ако не ги повредува другите.

Како што пишува Inc.com, повеќето од претприемачите лажеле со цел да напредуваат во бизнисот.

Прочитајте за што најчесто лажат претприемачите кога зборуваат за својата компанија:

1. Го зголемуваат бројот на клиенти, за да не изгледа дека е нова компанијата

2. Се претставуваат како постари, за да ги сфатат посериозно

3. Големи компании ги презентираат како соработници, за да ги импресионираат новите клиенти

4. Ја зголемуваат бројката на вработени, за да изгледа дека компанијата е поголема

5. Го зголемуваат степенот на образование