Најдобра и најлоша инвестиција во последните 10 години

290

Во последните 10 години, една од најнестабилните инвестиции, којашто е различна од сите други во тој период, е крипто валутата Bitcoin.

Според Американската комисија за хартии од вредност, доколку сте инвестирале еден долар во Bitcoin пред 10 години, денес би заработиле 90.000 долари. Вредноста на Bitcoin во овој момент е околу 7.000 долари. Пред две години го достигна врвот од скоро 20.000 долари. Но, на почетокот еден Bitcoin вредеше само неколку центи.

Од друга страна, како една од најлошите инвестиции се покажала мјанмарската валута kyat. Етничкиот конфликт, насилството и нестабилноста во земјата, чие име порано беше Бурма, доведе до тоа долар инвестиран во оваа валута денес да вреди четири десетини од еден американски цент.

Американците можат да се пофалат со најдобрата берза во светот, а еден долар инвестиран во американски акции сега би вредел во просек 3,46 долари, што е раст од 250%. Американските обврзници, исто така, се одлична инвестиција. Еден долар вложен во 30-годишни обврзници денес би вредел десетина пати повеќе или 2,08 долари.

Од друга страна, Турција е во најлоша позиција кога станува збор за инвестиции во обврзници, па еден вложен долар сега би добиле 61 цент.

Фото: Pexels