Најголеми производители и извозници на сапун во ЕУ

98

Во 2018-та година, околу 12,6 милиони тони сапун и детергенти се произведени во Европската унија. Најголем процент (81%) зафаќаат детергентите и средствата за перење, додека 19% отпаѓаат на сапуни и други органски продукти за хигиена.

Најголеми производители на сапун и детергенти во ЕУ се: Италија, Германија, Шпанија, Франција и Полска. Во овие пет земји се произведуваат 74% од детергентите и 85% од сапуните произведени во ЕУ.

Во 2019-та година, земјите членки на ЕУ извезле 3,2 милиони тони сапун и детергенти, додека увозот на вакви производи достигна 1,3 милиони тони.

Меѓу земјите членки, Германија е најголем извозник на сапун и детергенти во земји што не се членки на ЕУ (795.500 тони), по што следуваат Италија (416.200 тони) и Полска (351.200 тони).

Велика Британија беше најголемо одредиште за сапуните и детергентите со 28%. Потоа следуваат: Русија (252.000 тони), Турција(179.700 тони) и Швајцарија (176.100 тони).

Фото: Pexels