Најголемиот холандски стадион ќе се напојува со батерии од Nissan

23

Најголемиот холандски стадион, Јохан Кројф Арена неодамна доби нов систем на батерии за складирање на електрична енергија, пишува Nissan Insider. На тој начин некогашната Амстердам Арена добива сигурно и ефикасно снабдување на целиот стадион со електрична енергија во секој момент.

Батериите ќе се напојуваат од 4.200 фотонапонски панели вградени на стадионот, а целиот систем ќе биде споен и со градската електрична мрежа како би можеле да сe разменуваат вишоци енергија. Овие батерии инаку се исти како оние што се користат во електричните автомобили на Nissan Leaf , со што компанијата Nissan станува еден од стратешките партнери во проектот.

За целиот проект се употребени 148 батериски сетови, со капацитет од 2,8 MWh и најголема моќност од 3 MW, коишто продуцираат доволно енергија за напојување на околу 7.000 домаќинства за еден час.

Инаку овој проект освен што ќе обезбедува резервна енергија за стадионот и ќе помогне во стабилизирање на мрежата, ќе може да се користи и за други цели, како на пример за полнење на електричните автомобили на еден од полначите инсталирани на паркингот на стадионот.