Најмногу се отвораат трговски фирми, но и најчесто згаснуваат

40

otvoreno zatvoreno

Претпријатија од секторот трговија на големо и трговија на мало и поправка на моторни возила и мотоцикли најчесто се отвораат, но и најчесто згаснуваат, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во Македонија во текот на 2012 година се отворени 8.329 нови претпријатија, од кои најмногу – 2.198, се во секторот трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.

Според правната форма, во истиот период, најмногу се отворени друштвата со ограничена одговорност и акционерските друштва – 5.114 или 61,4%, додека како трговци поединци се регистрирале 2.168 или 26% од правните субјекти.

Кога се работи за компании на кои во 2010 година им е ставен клуч на врата, податоците на Државниот завод за статистика покажува дека се згаснати 9.794 фирми, од кои најмногу или 2.985 се во секторот трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли.

Со други зборови, од вкупниот број згаснати фирми, 5.672 или 57,9% се друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва, додека 26,5% или 2.592 се трговци поединци.

Податоците покажуваат дека од вкупниот број новосоздадени фирми во 2011 година, 64,3% успеале да ја преживеат 2012 година. Најголема стапка на таканаречено преживување има кај новосоздадените фирми, чија што дејност припаѓа во секторите “дејност на здравствена и социјална заштита“ со 92% и “финансиски дејности и дејности на осигурување“ со 83,3%.