Најниски цени за сместување во Хрватска во последните 20 години

67

На платформата Booking.com минатиот викенд можело да се најде апартман на Макарската ривиера по цена од 35 евра за ноќ за две лица, пишува Слободна Далмација.

Скоро 80 такви апартмани се нудат по цена од 30 евра за две лица, што е најниска цена во последните 20 години. Пократкиот престој, до три дена, од секогаш бил поскап за околу 30%, што сега не е случај, а во овие цени е пресметана и провизија, поради што и нето цените се уште пониски.

На 10-ти септември, во Макарска престојувале околу 2.500 туристи, што е за 31,7% во однос на минатата година.

Најголемиот “данок“ од корона-кризата го плати хотелското сместување, каде се бележат само 22% од минатогодишниот промет, а во семејното сместување ситуацијата е малку подобра со пополнетост од 35%. Во камповите се одмораат 31% од бројот на гости од минатата година.

Најголем дел од гостите во Макарска се од Полска, ги има околу 1.000 што е 64% од лани. Потоа следуваат: Чеси, Украинци, Швеѓани, Босанци и Хрвати.

Фото: Pexels