Најновите вести на брисачи за раце во јавни тоалети

84

reklama

Мексиканскиот дневен бесплатен весник Mas Por Mas неодамна најде необичен начин како да се рекламира и да ја зголеми посетеноста на интернет страната. Во тоалетите на избрани компании, трговски центри и кина во Мексико Сити, постави апарати за брисачи за раце во кои вгради wi-fi принтери. Со секое извлекување на хартија, на листот со специјална боја се печатат најновите вести.

QR кодот директно преку мобилниот ги води читателите на интернет страната. Овој потфат ја зголемил посетеноста на страната за 37% за две недели.