Најопасни и најбезбедни земји во светот за 2021 година – како е рангирана Македонија

66

Кои земји се најопасни, а кои најбезбедни во 2021 година се прикажани на годишната интерактивна мапа International SOS.

Либија, Сирија, Авганистан, Ирак и Централноафриканската Република се меѓу најопасните земји во светот. Мапата покажува каде патниците најверојатно ќе се соочуваат со безбедносни ризици засновани на закана од политичко насилство, социјални немири, насилни и ситни злосторства.

Во анализата биле земени предвид и стабилноста на транспортната инфраструктура, ефективноста на безбедносните и итните служби и подложноста на земјата на природни катастрофи.

На мапата Македонија е означена како нискоризична земја, како и сите соседи освен Косово, која има среден ризик.

 

Фото: Printscreen travelriskmap.com