Најплатени фудбалери на планетата

156

Најважната споредна работа во светот на овие спортисти им носи огромни суми секој месец. Според францускиот магазин L’Equipe, аргентинскиот напаѓач, Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот. Месечната бруто плата на ѕвездата на Барселона е 8,3 милиони евра.

Зад Меси е Кристијано Роналдо кој секој месец заработува по 4,5 милиони евра, играјќи во Јувентус. Трет најплатен фудбалер е Нејмар, чија месечна бруто плата е нешто над три милиони евра.

Богатата фудбалска 10-та ја завршуваат: Антоан Грижман (три милиони евра), Луис Суарез (три милиони евра), Герет Бејл (2,5 милиони евра), Еден Азар (2,5 милиони евра), Филипе Кутињо (2,3 милиони евра), Алексис Санчез (2,2 милиони евра) и Калиан Мбапе (1,7 милиони евра).

Фото: Pexels