Најплатениот музичар за оваа декада има 950 милиони долари на сметка

73

Иако од 2015 година нема објавено албум и одамна немал концерт, 54-годишниот американски рапер Dr. Dre е најплатен музичар во изминатата декада со проценето богатство од 950 милиони долари, пишува Forbes.

Иако е заслужен за големи хитови, богатството на раперот доаѓа од неговата компанија Beats Electronics, што се занимава со производство на аудио опрема, којашто технолошкиот гигант Apple ја купи за три милијарди долари во 2014 година. Раперот сега поседува околу 20% удел во компанијата.

Освен Dr. Dre, меѓу најплатените музички ѕвезди во последните 10 години, според магазинот Forbes се: Тејлор Свифт (825 милиони долари), Бијонсе (685 милиони долари), U2 (675 милиони долари), раперот Диди (605 милиони долари), Елтон Џон (565 милиони долари), Џеј Зи (560 милиони долари), Пол Макартни (535 милиони долари), Кејти Пери (530 милиони долари) и Лејди Гага (500 милиони долари).

Фото: Facebook