Најпосакувани работодавачи во Србија

9

coca-cola

Првите пет најпосакувани работодавачи во Србија се компаниите Coca – Cola Hellenic, Нафтена индустрија Србија, Теленор, Електропривреда Србија и Телеком Србија, покажува истражувањето што во текот на февруари и март го спроведе порталот Infostud, пишува Танјуг.

Истражувањето Најпосакуван работодавач 2016 е спроведено преку интернет анкета, во која учествувале 10.000 испитаници. Анкетата покажа дека испитаниците кај работодавачот најмногу ги ценат добрите меѓучовечки односи и работната атмосфера. На второ место се можноста за стручно усовршување и напредување, додека висината на плата е на трето место.

Во однос на типот на сопственост, скоро 40% сметаат дека е најдобро да се работи за приватна компанија во странска сопственост. Во државна фирма би работеле 25% анкетирани, додека 17% се одлучиле за домашна приватна компанија.