Најреалната реплика на Cybertruck се појави во Босна

99

Еден Tesla ентузијаст во Босна и Херцеговина ја направи најреалната реплика на Cybertruck која се појавила досега, а возилото е толку добро направено што може и Елон Маск да му позавиди.

Tesla Cybertruck привлече огромно внимание, но електричниот пикап се уште не е влезен во производство, а исто така конечниот изглед на продукцискиот модел се очекува да биде нешто поинаков во однос на она што беше прикажано на промоцијата. Како и да е, голем број љубители на Tesla, но и автомобилски ентузијасти се обидоа да направат своја верзија или реплика на Cybertruck, но најдобрата и најреалната пристигнува од Босна и Херцеговина.

Детали за оваа реплика на која може да позавиди и лично Елон Маск има малку. Не е познато каков погон и на каков автомобил е базирана оваа реплика, но на видеата можеме да видиме дека без проблеми овој Cybertruck си вози по улиците низ Босна.

Инаку, оваа реплика ги има истите масивни пропорции како Cybertruck прототипот, како и слични челични панели. Тука се истите дизајнерски линии, а дури ја има и LED светлосната лента на покривот, како и светлосната лента која ги поврзува предните светла. Дури и тркалата и гумите изгледаат идентично со вистинскиот Cybertruck.

Лицето задолжено за овој домашно направен автомобил има и ентериер виртуелно идентичен како пикапот. Тука е мермерната централна конзола, футуристичкиот управувач, стаклениот покрив и централен екран на допир како во Tesla Model 3.

Преземено од Avtoplus.mk