Најскапата реклама е снимена во 2004 година, а чини 33 милиони долари

252

Можеби ќе помислите дека реклама снимана во вселената е најскапа реклама… но, иако компанијата Estee Lauder  плати 128.000 долари за НАСА да пренесе 10 шишиња од производ за нега на кожа до Меѓународната вселенска станица, нивната кампања не е ни близу до најскапата. Пред неколку години Lexus се здружи со режисерот Кевин Мекдоналд за да ја креираат првата рекламна кампања со вештачка интелигенција, но ниту тие не ја создадоа најскапата реклама.

Најскапата рекламна кампања на сите времиња припаѓа на Chanel No 5. Чинеше 33 милиони долари, од коишто три милиони беа исплатени на главната протагонистка Никол Кидман.

Рекламата е снимена во 2004 година, а за 180 секунди реклама потрошени беа 33 милиони долари.

Режисер беше Баз Лурман, а рекламата постави нов стандард во снимањето на кампања за парфем – тие не продаваа мирис, туку луксуз и гламур.

Фото: Printscreen Youtube