Најскапиот квадрат во Белград продаден за 10.068 евра

116

Најскапиот метар квадратен станбен простор, во последниот квартал од 2021 година, е продаден во „Белград на вода“ и изнесува 10.068 евра, соопшти Републичкиот геодетски завод на Србија.

Така, во општина „Савски венац“, според Извештајот за состојбата на пазарот на недвижности за последниот квартал од 2021 година, е остварена највисока цена. Потоа следува Врачар со највисока цена од 3.937 за метар квадратен, во нова зграда.

Кога станува збор за новите станбени комплекси, по „Белград на вода“, „Вест 65“ достигна највисока цена од 3.680 евра за метар квадратен, што беше и највисоката цена постигната во Нов Белград.

Во „Белград на вода“ во последниот квартал од 2021 година е постигната цена од 10.068 евра за метар квадратен, а во истиот период во 2020 година највисоката цена во тој комплекс изнесувала 8.754 евра, додека во 2019 година во четвртиот квартал – 7.703 евра.