Најважната споредна работа во светот: Ова е најбогатиот фудбалски клуб

57

Фудбалскиот гигант од Каталонија, Barcelona е најбогат клуб во светот, според приходите што ги оствари во сезоната 2018/2019, пишува The Economist.

Barcelona во текот на сезоната инкасираше 840,8 милиони евра приходи, додека кралскиот клуб од Мадрид, Real Madrid на својата сметка имаше 757,3 милиони евра.

На трето место се најде британскиот Manchester United со приходи во висина од 711,5 милиони евра.

Најголем дел од приходите на каталонскиот клуб или 383,5 милиони евра се од комерцијални извори, додека од телевизиски права заработи 298,1 милион евра. Приходите од натпревари достигнаа 159,2 милиони евра.

Фото: Pexels