Намален бројот на издадени одобренија за градење

18

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2019 година се издадени 153 одобренија за градење, што е за 13,6% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.181.458.000 денари, што е за 49,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 81 (52,9%) е наменето за објекти од високоградба, 26 (17%) се за објекти од нискоградба и 46 (30,1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 153 објекти, на 83 (54,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 (45,8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 123 станови, со вкупна корисна површина од 13.404 метри квадратни.