Намален бројот на издадени одобренија за градење во август

25

plan-na-kuka-pexels

Фото: Pexels

Во август 2017 година се издадени 232 одобренија за градење, што е за 6,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.182.494.000 денари, што е за 23% повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 154 (66,4%) се наменети за објекти од високоградба, 20 (8,6%) за објекти од нискоградба и 58 (25%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 232 објекти, кај 161 (69,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 71 (30,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 559 станови, со вкупна корисна површина од 45.011 метри квадратни.