Намален бројот на издадени одобренија за градење во јули

16

Во јули оваа година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.462.458.000 денари, што е за 37,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 (70,7%) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9,4%) за објекти од нискоградба и 51 (19,9%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 256 објекти, на 181 (70,7%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 (29,3%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 711 станови со вкупна корисна површина од 58.253 метри квадратни.