Намален бројот на издадени одобренија за градење во мај

21

gradenje-kukja-pixabay

Фото: Pixabay

Во мај оваа година се издадени 241 одобрение за градење што е за 17,5% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.683.276.000 денари што е за 25,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 133 (55,2%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (16,2%) за објекти од нискоградба и 69 (28,6%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 241 објект, на 135 (56%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (44%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.078 станови со вкупна корисна површина од 79.477 метри квадратни.